Боцан-Харченко: Соработката на Русија со Србија допринесува за зачувување на нејзината независност

Фото: Профимедиа

Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан-Харченко вечерва во Белград изјави дека воената соработка на двете земји допринесува за зачувување на независноста на Србија.

– Развојот на воената и воено-техничката соработка на Србија и русија, под надзор на претседателите на двете земји, е насочен кон тоа Србија да остане независна, сама да одлучува за својата судбина и да биде стабилна во регионот – рече Боцан-Харченко на приемот по повод Ден на бранителите на Татковината, руски државен празник.

Боцан-Харченко додаде дека минатонеделните разговори на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу со српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за одбрана на Србија Александар Вулин во Белград дале нов поттик за соработка на двете земји.

– Современата руска армија внимателно ја негува традицијата на руската војска, опремена е на најсовремен начин и подготвена е да им помогне на своите пријатели – наведе рускиот амбасадор.

Додаде дека за Русија е голема чест што претседателот на Србија ќе ја одбележи 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна со претседателот Владимир Путин во Москва на 9 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот