Бочварски: За три години повеќе реконструкции на патишта од претходните 11 години

Повеќе километри патишта се реконструирани за три години отколку за 11 години на поранешната Влада, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Тетово одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има реални реконструкции на сообраќајниците.

-Минатата година имаме рехабилитирано 243 километри од патната мрежа во државата, а само како една паралела, во изминатите 11 години кога на власт беше една друга политичка гарнитура,  беа реализирани 550 километри.  За една година имаме реализирано само 243 километри, така што разликата е огромна, но можам да кажам дека ќе продолжиме уште посилно и во време на пандемија, рече Бочварски. 

Тој посочи дека во изминатите три години инвестирани се околу една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура.

-Кога дојдовме како владејачка партија  имаше заглавени проекти како автопатот Кичево – Охрид, Битола – Кременица железничка пруга, пругата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп – Дреново, Градско – Дреново – Фариш се до Прилеп,  така што денес со задоволство можам да кажам дека првата делница од експресниот пат Градско до Дреново е одглавена и веќе во март продолжуваат активностите преку асигнација, имаме нов изведувач. Втората делница се ретендира да се добие исто така нов изведувач. Трасата Скопје – Блаце е започната, првата делница од два километри веќе се работи со завршена експропријација. Кичево – Охрид со сите репроектирања веќе е одглавен патот, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот