Бочварски: Во завршна фаза е документацијата за гасификација на Штип

Проектната документација за изградба на секундарна гасификациска мрежа во Штип е во завршна фаза, објави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Тој забележа дека проектантите ги финализираат основниот и инфраструктурен проект.

-Идејниот проект ни е готов така што ние очекувам до средината на септември да добиеме комплетна техничка документација  за гасификација на Штип и сме први коишто ќе го имаат овој документ или овој проект за да потоа очекувам од Владата поддршка за дел на гасификација на градот, за да можеме побрзо и поефикасно да влеземе во гасифицирање, да ги намалиме и трошоците на компаниите, на нашите општински институции, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник вели дека веќе разговарал со советникот за енергетика на премиерот, Зоран Заев за избор на модел, како општината ќе се гасифицира, односно дали секундарната мрежа ќе се гради со општински средства, потоа јавно-приватно партнерство или со поддршка на Владата.

-Тие кога ќе го имаат конечниот одговор на ова прашање, дали би влегле со поддршка ние тогаш ќе донесеме наша конечна одлука. Така што можам да кажам дека ние во средината на септември ќе бидеме подготвени и ќе ја чекаме одлуката на Владата, вели Бочварски.

Инаку главната цевка на гасоводот кон Неготино поминува покрај индустриските зони на Штип, коишто имаат интерес за да се приклучат на секундарната мрежа.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот