Бочварски: Со СДСМ се гради како никогаш досега

Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните. Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата – порача денеска на прес-конференција, Благој Бочварски, Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Тој вели дека со првиот повик се офатени 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра, како и дека активно се работи на реконструкција на улици во општините Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Кратово, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Неготино и многу други.

– Во завршна фаза е вториот повик, за овој проект со кој започнува реконструкција на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 километри, со вредност од околу 7 милиони евра, а во тек е подготовка на трет повик, со кој треба да се опфати реконструкција на дополнителни 60 километри локални улици. На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 до 2 милиони евра. Тоа се неповратни средства, со кои општините реконструираат улици и патишта, кои се приоритет за граѓаните од нивната општина – изјави Бочварски.

До крајот на 2022 година очекуваат да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта.

– Со овој проект, за изградба и санација на локални патишта и улици во општините го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните. СДСМ како одговорна партија со реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, го поттикнува економски раст, ја подобрува инфраструктурата и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните – рече Бочварски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот