22 C
Скопје

Бочварски: Сите институции застануваме во заштита на охридското крајбрежје на УНЕСКО

Сите институции застануваме во заштита на охридското крајбрежје на УНЕСКО и ги преземаме сите ингеренции што ги имаме во однос на тоа да го поправиме впечатокот, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој вели дека прашањето со дивоградбите нема да се реши преку ноќ.

– Министерството за транспорт и врски преку Влада има доделено средства на Општина Охрид, со кои што треба да започне со отстранување на дивоградбите. Имаме формирано комисија која треба да работи на лоцирање на сите тие спорни точки  и секако во нашата ингеренција и наша надлежност е носење на урбанистички план за целото крајбрежје, кое ќе го финансираме ние како Влада преку МТВ и Агенцијата за просторо планирање, преку кој јасно ќе се исцрта границата на зашитено подрачје. Се што влегува во заштитена зона веднаш ќе мора да биде отстрането. Се нудиме да помогнеме во делот на урбанизацијата на општините и финансиски да помогнеме. Волја мора да има од сите страни, не планираме да влегуваме во инегеренции на локалните самоуправи, но имаме чести координации со цел да излеземе во однос на ова прашање како победници сите заедно,  бидејќи УНЕСКО е нешто што мора да го зачуваме и за тоа ќе се бориме до крај.  УНЕСКО е нешто што мора да остане на Охридското крајбрежје, потенцира Бочварски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Ѓорче Петров. 

Додаде дека преку ноќ ова прашање нема да се реши, но сигурен е дека Охрид ќе го задржи статусот и приматот на УНЕСКО.

-Преку ноќ нема да се реши ова прашање. Политичка волја од Владата има. Имаме координација  и состаноци на оваа тема. Сите инситуции и градоначници од Охрид, Струга, Дебрца, ќе застанат во одбана на УНЕСКО. Сигурен сум дека Охрид ќе го здржи стаусот и приматот на УНЕСКО. Се она што е спорно ќе продолжиме во делот на нашите ингеренции. Последно прашње што ќе се постави ќе биде одземање ингеренции на градоначаници и ако е потребно тоа како Влада ќе го направиме, рече Бочварски.

Посочи дека има забелешки и во однос на изградбата на пругата Кичево-Лин, и дека има подговеност да се направи дополнително поместуваањету и физибилити студии со кои ќе се докаже дека овој капитален проект нема да го загрози охридскиот регион и крајбрежјето.

Поврзани вести

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Слободен печат

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

Слободен печат

Бесими – Јановски: Потпишан повеќегодишен Договор за грант од УСАИД, 8,2 милиона долари во првата година

Слободен печат

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Слободен печат

Заев за средбата Пендаровски – Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Слободен печат

Меѓаши: Добиваме дојави дека средношколците кои ја бојкотираат наставата се уценувани, загрозено нивното психо-физичкото здравје

Слободен печат

Остави Коментар