Бочварски: Охрид нема да биде ист доколку не е под закрила на УНЕСКО

Благој Бочварски / Фото: МИА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски соопшти дека дел од ингеренциите за охридскиот регион, што ги дал Уставот и законите, не се под централната власт.

„Сепак, таму каде што можеме ќе реагираме и нема да има попусти за никој по ова прашање. Охрид и охридскиот регион нема да бидат исти никогаш доколку се наруши статусот на УНЕСКО и доколку не сме под закрила на УНЕСКО. Тоа нема да биде тој Охрид што го знаеме“, изјави тој за емисијата „Топ тема“, во врска со новиот хотелски објект, на местото на некогашниот ресторан Парк, кој деновиве беше срушен.

Градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеорѓиески, уште на почетокот на март, рече дека од правен и документациски аспект нема ништо спорно и оти тој потег се наоѓал во т.н. трета де зона, во која било дозволено изградба на објекти со таков габарит.

Сепак, владата на 57-та седница, донесе заклучок со кој ѝ се укажува на Општина Охрид да превенира градежни работи на оваа локација, се до утврдување на фактичката состојба од страна на стручната комисија на Министерството за транспорт и врски, која ќе изврши увид во процесот на издавање и спроведување на одобрението за градење на локацијата.

Од Охрид СОС, велат дека станува збор за задоцента реакција од страна на надлежните, бидејки објектот е веќе урнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот