Бочварски: Обврска, одговорност и предизвик е фунцијата министер за транспорт и врски

Благој Бочварски Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Тој во обраќањето на граѓаните на општина Штип им порача дека назначувањето за министер не е само негов  успех, тоа е успех и како што рече на нашиот град, кој после долги години добива министер во влада.

Мандатарот и иден премиер, Зоран Заев ми ја укажа огромната чест кога ми ја врачи довербата, но и одговорноста, да бидам кандидат за министер за транспорт и врски. Ова е голема обврска и одговорност за мене, предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и осовременување на инфраструктурата на територијата на цела земја, истакна на денешнта прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Тој во обраќањето на граѓаните на општина Штип им порача дека назначувањето за министер не е само негов  успех, тоа е успех и како што рече на нашиот град, кој после долги години добива министер во влада.

Со тоа ние штипјани уште еднаш покажуваме на дело дека нашиот град е расадник на квалитетни кадри, но се покажува и дека нашите заложби се препознаени и уважувани од централната власт. Во новата влада дури три министри се од оваа изборна единица од истокот. Тоа е доказ дека во СДСМ се вреднува квалитетот, но и дека нашата партија има разновидна и сестрана понуда која е неоптоварена од тесно централизирано уредување, туку е насочена кон искористување на потенцијалите на секого и развивање на целата држава и потребите на сите региони подеднакво. Кон таков целокупен развој ќе продолжиме да бидеме ориентирани и понатаму, вели Бочварски.

Посочи дека во изминатите нешто помалку од три години, колку што е градоначалник, Штип доживеа градежна ренесанса, со што особено се гордее.

  Во рекордно време и со 70 проценти сопствени средства изградивме нова детска градинка после 30 години, со што го решивме проблемот со недостаток на капацитети за сместување дечиња во градинките во нашиот град. Изградивме нов мост на река Брегалница, кој претставува нова и значајна артерија во градскиот сообраќај, како и врска меѓу двете најбрзорастечки населби. Ја завршивме обиколницата со два кружни тека за поголема безбедност на граѓаните.  Изградивме нов водовод во населба Балканска     Изградивме платформа со нови паркинг места и обезбедуваме паркинг и солидни сообраќајни решенија во централното градско подрачје, а веќе во напредна фаза е изградбата на втората платформа. Изградивме и реконструиравме над 50 штипски улици со должина околу 18 километри должина, а реконструиравме и градевме над 14 илјади метри квадратни тротоари, пешачки површини и платоа, вели Бочварски.

Во изминатите три години, како што посоли, општината успеа да го обезбеди и проектот изградба  на  затворен базен и  се реализира деценискиот сон на штипјани 

радиме брана на река Отиња која ќе биде реализирана токму преку Министерството за транспорт и врски.  Граѓаните нскоро ќе добијат нов најмодерен стадион. Изработив проект за градскиот стадион во Штип, а преку програмите на ФФМ обезбедив финансиска конструкција за изградба на првата трибина, а веднаш потоа и на втората. За потсетување трибините на постоечкиот стадион се изградени во шеесетите години на минатиот век, вели Бочварски.

Прашан кој ќе го замени, Бочварски истакна дека наредните денови ќе се избере в.д. градоначалник од редовите на советниците, кој ќе раководи со општината и реализацијата на проектите. Додека за различните толкувања за тоа дали во Штип ќе има предвремени Локални избори сто дена по неговата оставка или шест месеци по завршување на функцијата на в.д. градоначалникот, Бочварски со одговор дека правните експерти треба да кажат што во овој случај треба да се примени. Потенцираше дека со истиот жар ќе продолжи да се бори за она што  е приоритетно, за она што ни е важно и денес, но и за следните генерации.

Моја мисија е да ја отвориме вратата на науката преку примена на сите нови модерни европски стандарди во изградба на патната инфрструктура. Ќе се посветам на изградба на автопатишта, експресни патишта и локални патишта на територија на целата земја. Ќе им помогнам на општините за реализација на што е можно повеќе проекти, а со тоа и развој на локалните заедници. Како архитект и градоначалник имам стекнато искуство кое е значајно токму во оваа насока во делот на развојот на урбанизмот и инфраструктурата во државата, рече Бочварски.

На прашањето дали знае кои дополнителни ингеренции ќе ги добие Министерството за транспорт и врски, Бочварски со одговор дека за ова прашање треба да следат разговори и консултации. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот