Бочварски: Легализирани 265.264 бесправно изградени објекти, нов рок за легализација со казнен пенал

Фото: МИА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешното доделување на решенија за легализација во општина Ѓорче Петров, рече дека досега биле легализирани вкупно 265.264 бесправно изградени објекти и најави продолжување на рокот за легализација.

-Според новиот Предлог-закон за бесправно изградени објекти, надоместокот за комуналиите ќе биде зголемен за 50 проценти како казнен пенал којшто ќе треба да го платат граѓаните коишто ќе пристапат кон ваквиот тип на решавање на правниот статус. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти, како и верските објекти, соопшти министерот.

За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот Предлог-закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување во овие подрачја.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информира дека од вкупниот број на поднесени барања, околу 12.500, за легализација  остануваат уште околу 2.500.

-Во исто време им напоменавме на граѓаните, кои не стигнале во роковите или биле отсутни надвор од државата и не можеле имотно правно да ги средат своите имоти, дека во тек е носење на нов закон, рече Наумоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот