Бочварски: Историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Србија

Благој Бочварски Утрински Брифинг
Благој Бочварски Утрински Брифинг/Фото Слободен печат/ Ристе Пејовски

Од 1 август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија, соопштија денеска властите, а што точно ќе значи ова, појасни министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки типови возила, почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, до ЕВРО 6. Договорот, според соопштеното, е постигнат во рамките на македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Република Северна Македонија.

Исто така постигнат е договор за либерализација и тоа од 15 јуни годинава за наизменичниот превоз на патници истиот да се врши исто така без дозволи кој се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво.

„Ова најпрво е огромен успех за транспортерите од двете земји, успех е за Република Северна Македонија и Република Србија. Постигнавме историски договор, целосно ги укинуваме дозволите во патниот и товарниот транспорт и сето ова го правиме за развојот на двете земји, за економски напредок во регионот и за подобра економска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Ова е нешто за што напорно работевме со мојот колега, министерот Весиќ со огромната подршка на владите на двете земји. Ова е вистинската политика за олеснување на работата на превозниците и ова треба да биде пример за цел регион.” – истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Одлуката за либерализација на транспортот е дел од иницијативата „Отворен Балкан” и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки и патници во Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот