Бочварски и Сугарески на средба за подобра функционалност на граничните премини

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Тековните активности за градежните проекти на Царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежните интервенции, беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царината Горан Сугарески.

-Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини, истакна Сугарески, соопшти Царинската управа.

Се разговарало и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир” и набавка на нов Национален едношалтерски систем – NSW” кои се дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка, а се реализира преку Проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски.

-Oтпочнато e активно да се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување е задржана согласно предвидувањата, информираат од  Царинската управа.

Потенцираат дека се во постојана соработка и координација со Министерството за транспорт и врски, особено за реализација на сите градежни работи (градба, реконструкција) кои се изведуваат на граничните премини – за кои ЦУ има законски ингеренции. Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот