Бочварски – Ал-Тани: Ќе се разгледа можноста за обнова на авиолинијата Скопје – Катар

Средба Бочварски – Ал-Тани/ Фото: МИА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар, Џасим Ал-Тани.

На средбата министерот Бочварски ја потенцираше потребата од обнова на авиолинијата Доха (Катар) – Скопје и ги претстави инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.

-Соработката меѓу двете држави е многу важна за поврзување на луѓето и економијата. За нас е посебно значајно да се обнови линијата Скопје – Доха, заради одржување на бизнис релациите меѓу двете земји. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека имаме уште потенцијал оваа соработка да се зголеми, рече министерот Бочварски.

На средбата министерот упати повик до инвеститорите од Катар да ги разгледаат условите за инвестирање во земјава и да ги искористат предностите што се нудат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот