Бочели: Целото мое семејство имаше коронавирус, тоа беше ужасно – ние имавме среќа!

Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреа Бочели пред неколку часа сподели на социјалните медиуми дека тој и неговите најблиски целосно се опоравиле, откако и тие се заразиле со вирусот ковид-19.

Бочели со семејството / Фото: Инстаграм @andreaboceli

– Пандемијата која го потресе светот не погоди млако мене и членови на моето семејство.

Од почит кон оние кои се заразија и имаа посериозни последици, своевремено решив дека најдобро е да не ја споделам веста. Секако не сакав непотребно да ги алармирам фановите и сакав да ја заштитам приватноста на фамилијата.

Ние навистина имавме среќа што имавме брзо и лесно опоравување на крајот од март.

Откако добив шанса да донирам крв за истражувања за лек против ковид-19, мојот одговор веднаш беше да. Мал, но фундаментален гест, преку кој ја исполнувам мојата мала улога во борбата- напиша Бочели во фејсбук-објавата.

Андреа Бочели донира крвна плазма за истражување за ковид-19 во болницата Чисанело, Пиза, централна Италија / 26 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/GABRIELE MASIERO

Вчера Бочели беше пресретнат од новинарска екипа за време на неговото донирање на крвна плазма за истражувања поврзани со ковид-19. Тенорот изјави дека се заразил со коронавирусот на 10 март, истакнувајќи немал конкретни проблеми, само млака температура, но дека воглавно бил асимптоматски случај.

Андреа Бочели донира крвна плазма за истражување за ковид-19 во болницата Чисанело, Пиза, централна Италија. Тенорот се заразил со коронавирусот на 10 март, а за новинарите тој изјави дека немал конкретни проблеми освен млака температура, воглавно асимптоматски случај / 26 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/GABRIELE MASIERO

Минатиот месец кога во Италија имаше целосен карантин, тенорот создаде величествена атмосфера кога пееше за време католичкиот Велигден и концертот во живо го пренесе на неговиот јутјуб-канал.

Андреа Бочели на велигденската изведба во катедралата Дуомо во Милано / 12 април 2020, Италија / Фото: EPA-EFE/LUCA ROSSETTI

Локацијата на која настапуваше, познатата Миланска катедрала Дуомо беше празна, а во изведбата му помогна катедралниот оргулист Емануеле Вијанели. Видеото од настапот во празната катедрала го прегледаа над 40 милиони луѓе во светот.

Андреа Бочели и Емануеле Вијанели на велигденската изведба во катедралата Дуомо во Милано / 12 април 2020, Италија / Фото: EPA-EFE/LUCA ROSSETTI

Бочели пееше, а милиони луѓе плачеа на кадрите од пустите градови низ светот (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот