Бобинките никогаш не ги мијте под млаз вода

боровинки и малини
Фото: Unsplash

Без разлика дали ги одгледувате дома, ги купувате од пазар или од одгледувач, овошјето во бобинки треба да се избере, измие и подготви по одредени правила.

Капини, боровинки, малини и јагоди се омиленото летно овошје. Со неколку корисни совети уживајте во најсвежите и највкусни плодови.

Избор на квалитетно овошје

За да извлечете максимум од сезоната на омиленото овошје, важно е при купување да изберете квалитетно овошје. За почеток пред да купите кутија со овошје, погледнете го неговиот квалитет. Проверете дали на бобинките има мувла, дали се згмечени, меки и дали смениле боја. Боровинките кои се омекнати, веројатно ќе се расипат во рок од еден до два дена од купувањето. Тие треба да се цврсти и со еднолична боја.

Испирање под млаз вода

Јагодите и капините можете да ги измиете веднаш, додека чувствителното овошје како малини, измијте го непосредно пред јадење. Имајте на ум дека прекумерната количина вода може да предизвика прерано расипување на чувствителните плодови како боровинки и малини. Кутијата со бобинки никогаш не ја држете под млаз од вода, притисокот од водата може да ги згмечи, особено ако се наредени една до друга во пластична кутија. Наместо тоа, голем сад наполнете со ладна вода, потоа нежно спуштете ги бобинките во цедилка и спуштете ја во садот со вода.

 Миење само во вода

Ако миењето бобинки во вода е одличен начин за отстранување на нечистотиите, постои техника која уште подобро ќе ги исчисти. Бидејќи бобинките растат близу до земја, имаат порозно месо со сунѓереста конзистенција, може да остане на нив неоткриена нечистотија дури и по брзо испирање. За да биде овошјето совршено чисто, натопете го во раствор од вода и дестилиран бел оцет во сооднос 3:1. Комбинацијата оцет и вода темелно ќе го исчисти овошјето, а покрај тоа ќе му го зголеми рокот на траење. Секако избегнувате долготрајно натопување на бобинките во мешавина од оцет и вода, бидејќи ќе го впијат вкусот на оцетот. Исушете ги нежно, но темелно на хартиена салфетка или платена крпа. Ако немате оцет натопете ги бобинките во врела вода 30 секунди, тоа ќе го спречи ширењето на мувла и ќе им ја продолжи свежината неколку дена. Исушете ги и ставете ги во фрижидер, по миењето со оцет.

 Премногу влага

Еден од најголемите непријатели на бобинките е влагата, па внимавајте условите во местото каде што ќе ги складирате да се пригодни. Чувајте ги на темно и пред сè суво место. Пред складирање садот добро измијте го, исушете го и обложете го со хартиена крпа, пред да ги ставите во неа бобинките. Водете сметка садот да не е херметички затворен, за да не се создаде дополнителна влажност.

Складирање со друго овошје

При сортирањето внимавајте на растојанието. Имено, овошјето, како банани и јаболка, содржат многу гас етилен, кој природно го забрзува процесот на зреење во различното овошје и зеленчук. Затоа, ако сакате да им го продолжите рокот, бобинките држете ги подалеку од другото овошје.

Фрлање на (пре)зреаното овошје

Ако мислите дека бобинките се презреани, не ги фрлајте. Постојат многу начини за да ги искористите: во смути, пире или подготовка на домашен џем. Сепак ако овошјето фатило мувла, меко е и го сменило вкусот, фрлете го во компост.

 Прескокнување на замрзнувачот

Во случај да имате премногу бобинки одеднаш и сакате да имате летни вкусови во текот на целата година, исчистете ги, исушете ги и замрзнете ги. Смрзнатото овошје можете да го држите во фрижидер со месеци. По миење внимателно исушете ги со хартиена салфета, префрлете ги во ќесички и внимателно ставете ги во замрзнувач. Внимавајте ќесичките да не се преполни.

Видео на денот