Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Сцена од претстава на струмичкиот театар / фото: ЦК „Антон Панов“/Фејсбук

Министерството за култура го назначи Боби Ѓошиќ за в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица, откако на 8 јули годинава Управниот суд го поништи огласот за избор на директор од декември лани.

Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Ѓошиќ е вработен во оваа установа и до изборот на нов директор ќе раководи со неа.

Лани Министерството за култура го именуваше Васил Бубев за директор, откако на конкурсот се пријавија уште двајца кандидати. Тие незадоволни од одлуката на Министерството поднесоа тужба до Управниот суд, која беше прифатена. Изминативе осум месеци, иницијативата „Култура или фискултура”, во која членуваат актери од Струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје, со кои укажуваа на незаконитост на постапката за избор на досегашниот директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот