Бобан Илиќ повторно осуден на 6 години затвор за убиството на малиот Алмир

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Денеска во Основниот суд во Куманово повторно имаше судски процес за случајот со четиригодишниот Алмир. На обвинетиот Бобан Илиќ повторно му беше досудена затворска казна од 6 години.

Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.

Обвинетиот Бобан Илиќ денеска се појави без придружба и одби да коментира било што.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Првично, обвинението против првообвинетиот Бобан Илиќ беше поднесено за „убиство“, а потоа благодарение на експертизата на Бранислав Стефановски, Зоја Бабинкостова и Стоилко Златковски, делото беше преквалификувано како „тешко дело против безбедноста на луѓето и имот во сообраќајот“.

За убиството на Алмир Алиу во првостепената пресуда, Бобан Илиќ, кој го прегази четиригодишното дете со автомобил, беше осуден на 6 години затвор, додека Седат Алиу, Абдула Алиу и Сами Демири беа осудени на шест до девет месеци затвор.

Убиството на Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 година во Куманово како резултат на претходна тепачка помеѓу родителот на Алмир, Седат Алиу и Бобан Илиќ заедно со неговиот брат Бојан Илиќ, кој не бил вклучен во обвинението на Основното обвинителство од Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот