Бобан Илиќ повторно осуден на 6 години затвор за убиството на малиот Алмир

Денеска во Основниот суд во Куманово повторно имаше судски процес за случајот со четиригодишниот Алмир. На обвинетиот Бобан Илиќ повторно му беше досудена затворска казна од 6 години.

Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.

Обвинетиот Бобан Илиќ денеска се појави без придружба и одби да коментира било што.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Првично, обвинението против првообвинетиот Бобан Илиќ беше поднесено за „убиство“, а потоа благодарение на експертизата на Бранислав Стефановски, Зоја Бабинкостова и Стоилко Златковски, делото беше преквалификувано како „тешко дело против безбедноста на луѓето и имот во сообраќајот“.

За убиството на Алмир Алиу во првостепената пресуда, Бобан Илиќ, кој го прегази четиригодишното дете со автомобил, беше осуден на 6 години затвор, додека Седат Алиу, Абдула Алиу и Сами Демири беа осудени на шест до девет месеци затвор.

Прочитајте и...  Инфектологот Каламарас на Фејсбук: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами

Убиството на Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 година во Куманово како резултат на претходна тепачка помеѓу родителот на Алмир, Седат Алиу и Бобан Илиќ заедно со неговиот брат Бојан Илиќ, кој не бил вклучен во обвинението на Основното обвинителство од Куманово.

Прочитај повеќе

Жената од Дебар со Ковид, синоќа била на Клиника за неврологија, по што 11 доктори, болничари и сестри се во изолација

Мирослава Бурнс

Немил настан во Делчево: Почина 6- годишно дете по пад од трактор

Слободен печат

Венко Филипче: Вирулентноста опаѓа, новите случаи се од 15 семејства, најголемиот дел без симптоми

Мирослава Бурнс

Заев му одговори на Ахмети: Ако ДУИ има ваков услов, нема да биде дел од идната Влада

Слободен печат

Затворени вратите на гробиштата кон Бутел и Ново Лисиче (ФОТО)

Горан Наумовски

Инфектологот Каламарас на Фејсбук: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЈО даде наредба за истражна постапка за убиство во Гостивар

Слободен печат

Виница: Товарно возило удри во две лица, почина 47-годишна жена

Слободен печат

НОВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА ОД САД: Полицајци удрија и срушија 75-годишен маж на земја (ВИДЕО)

Слободен печат

Граѓаните ќе мора да се стрпат: Замена на водомери само во итни случаи, „Водовод“ со минимална залиха

Анета Стојковска

Читајте го бесплатно он-лајн викенд бројот на Слободен печат

Слободен печат

Тетовци се заканувале со нож и од такси возачи краделе пари

Слободен печат