Боатенг: Бев идиот, за еден ден купував три автомобили!

twitter.com/Fussboll_

Фудбалерот на Фиорентина, Кевин Принс Боатенг во интервјуто кое го имаше за „Ла Република“ рече дека на почетокот од кариерата се однесувал како идиот, поради начинот на живеење.

– Купив три автомобили во еден ден, додека играв за Тотенхем. Си купив „Кадилак“, „Ламборџини“ и „Хамер“. Бев идиот. Имав голем талент, кој воопшто не го искористив, бидејќи не сакав да тренирам. Доцнев на секој тренинг, а прв од него излегував, наместо вредно да тренирам. Не одев ниту во теретана, туку излегував со пријателите до градот. Воопшто не сум го третирал фудбалот како работа – рече Боатенг.

Поранешниот репрезентативец на Гана сега своето искуство го користи со цел да им помогне на помладите колеги.

– Секогаш им велам на помладите соиграчи дека со материјалните нешта не се купува среќа, ниту се решаваат проблемите. Мораат да бидат психички силни и да се борат. Нови автомобили ви донесуваат среќа, но за кратко. После тоа станувате свесни дека тоа е само обично нешто и се враќаат проблемите кои ги имате. Јас имав семејни проблеми поради кои страдав, не играв во клубот, и преку излегување и купување на скапи предмети сакав да ја „покријам“ мојата состојба – додаде Боатенг.

На фудбалски план од ова лето играчот е дел од италијанската екипа на Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот