Блуз и соул фестивал 2020: Домашен блуз со „Банкрот блуз бенд“ и пријателите

Новото издание на „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност ќе се одржи на 23 септември во Куршумли ан. Организаторите на овој традиционален настан одлучија годинава да има само една фестивалска вечер на која ќе настапи групата „Банкрот блуз бенд“, која пред 20-ина години беше популарна низ целата држава, а за оваа прилика повторно ќе се обедини.

На триото во состав Петар Ренџов, Сашо Гигов – Гиш и Игор Атанасовски – Харе на концертот ќе им се придружат повеќе нивни музички пријатели и колеги Елена Ставреска – вокал, Венко Серафимов – гитара, Никола Петровски – Џими – гитара, Сашо Георгиевски – харп, Гоце Стевковски – тапани, Мите Димовски – тапани, Дарко Мучев – бас, Сенад Усеин – труба, Кирил Кузмановски – саксофон, Сашко Николовски – тромбон.

Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре“, а ќе се применуваат протоколите за безбедност на културни настани на отворен простор.

Дирекцијата за култура и уметност – Скопје информираше и дека поради редуцираниот број на билети концертот веќе е распродаден.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот