Блуши: Секој кандидат добил мандат со изборен криминал не заслужува да седне во Парламентот

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra
Албанскиот претседател Илир Мета, по првпат реагираше, преку портпаролот Теди Блуши,   по првата седница на парламентарната анкетна комисија, која треба да испита дали ги прекршил уставните надлежности, за што го обвинуваат социјалистите и бараат негово разрешување.
Блуши оценува дека изборниот процес од 25 април сеуште не е завршен  и додава дека  сите кои добиле мандат “преку изборниот криминал” немаат право да седнат во Парламентот и да го претставуваат албанскиот народ.
– Престижните меѓународни организаци, кои се занимаваат со изборните стандарди секојдневно јасно реагираат за вистинската реалност на овие избори. Сите сме сведоци дека купувањето гласови беше масовна појава, дека владата злоупотреби средства од буџетот и јавните фондови за нејзин политички интерес во кампањата, процесот на вакцинација на населението го искористи во функција на кампањата на партијата на власт, давањето концесии без тендери…се дел од обвинувањата кои ги наведува Блуши.
Исто така, посочува тој, на “мигрантите од Грција и од Македонија не им беше дозволено да го остварат правото на глас” со воведувањето задолжителен двонеделен карантин за секое лице кое ќе влезе во Албанија од овие две земји.

-Сите изборни криминали треба да се расветлат без доцнење и ситефункционери,  на сите нивоа, кои направиле кривично дело со загрозување на стандардите на процесот на 25 април  треба да одговараат пред законот. Секој треба да и помогне на правдата со докази со цел да се расветли вистината за овој процес. Секој кој направил изборен криминал треба да одговара и не заслужува мандат во Собранието на Албанија, посочува Блуши.

Повеќе од значајно, нагласува тој, е секој глас да се преброи до крај на транспарентен начин, според изборниот законик а секој приговор да се разгледа објективно и без заземање страна.

Анкетната комисија беше изгласана на пленарната седница на законодавниот дом во четвртокот со 97 гласови “за”, шест прототив и еден воздржан. Во рок од еден месец треба да поднесе извештај и одлука за разрешување на Мета, што пак треба да биде изгласано со двотретинско мнозинство од 140 пратеници. Каква и да е одлуката на парламентот конечниот збор ќе го има Уставниот суд. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот