Блупринт Група: Законот за поништување на лустрацијата треба да биде откочен во Собранието

Последната седница на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, предводена од пратеникот Александар Кирацоски, каде требаше да се дискутира за одредбите од овој закони не се одржа.

Законот за поништување на последиците од процесот на лустрација треба да се донесе пред распуштање на Собранието. Претставничката на Блупринт Групата, Сибел Ахмет, во апелот упатен до пратениците вели, дека согласно Стратегијата за реформи во правосудниот систем, власта се обврза да ги санира штетните последици од процесот на лустрација до 2017 година, но тоа досега не се случи.

– Ние сметаме дека овој закон треба да биде откочен во Собранието и истиот да биде донесен пред распуштање на Собранието, имајќи предвиде дека станува збор за процес кој што беше црна дамка за нашето демократско општество и беше искористен за политички реваншизам на режимот во тоа време, изјави Ахмет, по состанокот со новинари.

Инаку, последната седница на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, предводена од пратеникот Александар Кирацоски, каде требаше да се дискутира за одредбите од овој закони не се одржа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, бараа на оваа седница да присуствува министерка за правда, Рената Дескоска и истата да го образложи предлог законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот