Блумберг: Вирусот предизвика драматичен раст на нееднаквоста, во време на Трамп милијардерите во САД побогати за еден билион

Пред четири години во САД беше избран прв милијардер за претседател. Сега речиси 200-те најбогати луѓе во земјата, кои сочинуваат само 0,00006 проценти од населението, го зголемија своето вкупно богатство за една илјада милијарди долари, јави Блумберг.

Силите, кои концентрираа толку многу богатство во рацете на толку малку луѓе, дејствуваа пред неочекуваната победа на Трамп, и покрај развојот на настаните следната недела, ќе продолжат да работат, особено технолошките промени и да ги обликуваат иднината и економијата на земјата.

Сепак, претседателството на Трамп ги забрза овие промени и ги направи најбогатите Американци уште побогати.

Богатството на Американците вклучени во индексот на милијардерите според Блумберг се зголеми од помалку од 1,8 илјади милијарди долари нето вредност во изборната вечер во 2016 година на повеќе од 2,8 илјади милијарди долари минатата недела.

Членовите на индексот, кој ги рангира 500-те најбогати луѓе на планетата секој ден, може да се променат, но вкупниот број на Американци во него останува стабилен – од 168 пред четири години на 166 во моментот.

Поголемиот дел од богатството акумулирано за време на администрацијата на Трамп отиде кај најбогатите од најбогатите, група која вклучува некои луѓе кои претседателот воопшто не ги сака, нагласува Блумберг.

Основачот на Амазон, Џеф Безос, кого Трамп го нарекува УЏеф Бозоф, заработи 121 милијарда долари во последните четири години и покрај неговиот скап развод. Во меѓувреме, богатите кои стојат зад енергетските компании, недвижностите и индустриските концерни – сектори кон кои Трамп поволно гледа – ги загубија колективните позиции во индексот од изборите во 2016 година, најмногу заради ефектите од пандемијата.

Огромниот профит на милијардерите доаѓа најмногу од берзата, која бележи постојан раст во времето на Трамп. Од изборната ноќ 2016 година до вчера, Индексот Стандард и Пурс 500 „донесе” 67 проценти, вклучително и дивиденда, а високо-технолошкиот Насдак донесе 125 проценти.

До пандемијата, американските работници иато така добија мал, но значителен профит под водство на Трамп. Сепак, вирусот предизвика драматичен раст на нееднаквоста, забележува Блумберг.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот