Блумберг: Трамп ќе ги „изеде“ моите ривали од демократската партија

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претседателскиот кандидат од демократската партија Мајкл Блумберг денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп многу лесно ќе победи против било кој ривал од демократската партија на следните избори, отворено велејќи: „Доналд Трамп“ ќе ги “изеде”.

Блумберг (77), медиумски моќник, милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, минатиот месец се вклучи во предизборната трка, пренесе „Ројтерс“. Според нив, тој приватно ги омаловажувал своите ривали за претседателска кандидатура од неговата партија, но ова е првпат тој во јавноста отворено да ги критикува.

– Гледав како нашата национална влада станува сѐ полоша, како се однесува дома и во странство, на чело со нашиот претседател – рече Блумберг за Си-Би-Ес, додавајќи дека во 2016 рекол оти Трамп е погрешниот човек за претседател, дека нема темперамент, етика и интелект за таа работа.

Блумберг додаде дека не сакал да ги гледа истите работи од Трамп уште четири години, но и кога ги погледнал другите кандидати, си помислил оти Трамп „ќе ги изеде“, па затоа се кандидирал.

Блумберг и уште 14 други демократи се борат да останат како единствен кандидат-демократ кој ќе ги одмери силите со републиканскиот претседател Трамп на изборите во ноември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот