Блумберг сторија: Тука сите сакаат да бидат фармери на канабис

Јане Севдински порано работел во правниот оддел во Министерството за финансии. Тој и еден пријател сега инвестираат повеќе од 1 милион евра (1,1 милиони американски долари) во четири огромни оранжерии.

Поранешен инструктор по карате, Златко Кесковски, е пред нив. Во неговите простории, работниците облечени во медицински униформи одгледуваат расѕенија под флуоресцентни светла, внимателно ги следат и документираат производството и складирањето.
Можеби станува збор за еден од необичните економски модели, но двајцата се дел од планот да ја претворат поранешната југословенска република сега наречена Северна Македонија во земја  на фармери на канабис.

Се уште е рано, но целта е да се добие дел од глобалниот пазар на медицинска марихуана за кој се предвидува да достигне нешто помеѓу 14 и 50 милијарди долари во текот на следните пет години. И без разлика дали се работи за поранешни полицајци, адвокат или роднини на премиерот, се чини дека сите сакаат да се вклучат во тоа.

Повеќе од дваесетина компании имаат лиценца од 2016 година и Министерството за здравство обработува уште 20 апликации, сите на место нешто малку поголемо од Вермонт и со население од околу 2 милиони луѓе.

Целата сторија погледнете ја овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот