Блумберг со 16 милиони долари им го врати правото на глас на поранешните осуденици на Флорида

Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајк Блумберг и неговиот тим, собрале 16 милиони долари за исплата на судски трошоци за над 32.000 гласачи, поранешни осуденици од Флорида, главно Јужноамериканци и Афроамериканци, за овие да можат да гласаат на изборите. 

Парите одат преку организацијата Коалиција за обнова на правата во Флорида.  

Блумберг вети најмалку 100 милиони долари спонзорства за победа на демократскиот претседателски кандиндат Џо Бајден во Флорида. Милијардерот исто така учествуваше во трката за номинција претседателски кандидат на Демократската партија. 

Според него, ваквото спонзорство е поефективен начин да се добијат нови гласови на контото на демократите (на изборите на 3 ноември ќе се гласа и за избор на конгресмени), отколку да се убедуваат гласачите со право на глас.  

Анкетите укажуваат дека популарноста на Бајден кај Американците со кубанско потекло, најсилната јужноамериканска група на Флорида, е пониска од онаа на Хилари Клинтон во 2016 година, и тимот на Блумберг смета дека помошта за подмирување на судските долгови на екс-осудените може да го подобри рејтингот на Бајден кај оваа малцинска група.

Според законите на Флорида, поранешните осуденици кои имаат ненаплатени судски  трошоци не смеат да гласаат додека не ги измират овие долгови. Законот е донесен од републиканците и важи за сите екс-осудени освен за оние кои лежеле робија за убиство или сексуално насилство.  

Според Универзитет на Флорида, повеќе од 775.000 поранешни осуденици се уште должат парични суми поврзани со нивните пресуди и затоа законот не им дозволува да гласаат. Најголем дел од нив се премногу сиромашни за да ги платат долговите, јави Вашингтон пост. 

Слични донации преку својата невладина организација врши и НБА кошаркарот ЛеБрон Џејмс. Блумберг е фокусиран само на припадници на јужноамерикански и афроамерикански малцински групи и ќе плаќа судски трошоци не поголеми од 1.500 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот