Блумберг: Снабдувањето со гас преку Северен поток 2 почнува на 1 октомври

Северен тек 2/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

 Рускиот концерн „Газпром” планира да започне со снабдување со гас преку гасоводот Северен поток 2 на 1 октомври, пишува агенцијата Блумберг.

Според извор на агенцијата, „Газпром” очекува до 1 декември да почне да испумпува гас преку двете линии на гасоводот. Истовремено, рокот за испорака на гас кон европскиот систем за пренос на гас се уште зависи од одлуката на германскиот регулатор, потенцира Блумберг.

Претходно е соопштено дека проектниот оператор го завршил поставувањето на последната цевка на Северен поток 2. Компанијата очекува да го пушти во функција гасоводот до крајот на годината. „Газпром” соопшти дека до крајот на оваа година може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас преку Северен поток 2.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот