Берлин ќе ѝ одобри на Полска да ги испрати германските тенкови „Леопард” во Украина

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште утре би можел да ѝ дозволи на Полска да ги извезе своите тенкови „Леопард” од германско производство во Украина, наведуваат извори запознаени со прашањето.

Берлин сака да донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро за да го смири растечкото незадоволство меѓу сојузниците, изјавија изворите за Блумберг под услов да останат анонимни.

Полска денеска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада во текот на денот најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро.

Германски „Шпигел“ пак пишува дека Германскиот канцелар Олаф Шолц веќе донел одлука да му дозволи на Берлин да испрати тенкови Леопард во Украина.

Германија, исто така, ќе дозволи и други земји, како Полска, да го сторат тоа.

Се работи за тип Леопард 2A6. Според германскиот неделник, одлуката се однесува на „барем една група“ од овие тенкови.

Шпигел додава дека другите сојузници на НАТО, на пример во Скандинавија, имаат намера заедно со Германија да ги испорачаат своите тенкови Леопард во Киев.

Си-Ен-Ен јавува дека германскиот парламент уште утре би можел да расправа за прашањето за испраќање на тенковите „Леопард” во Украина.

Расправата во парламентот ја побараа опозициските партии Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) со образложение дека сакаат да се овозможи испраќањето на тенковите во Украина.

Германскиот закон бара одобрение за реекспорт на нејзината воена опрема, што значи дека тенковите „Леопард” можат да бидат испратени во Украина само со согласност на Берлин.

Шолц досега инсистираше на тоа Германија да не дејствува одвоено од нејзините сојузници во НАТО во испраќањето нови категории тешко вооружување, поради загриженоста дека таквите потези може да предизвикаат ескалација со Москва.

Германските официјални лица секогаш јасно кажуваа во приватни разговори дека ќе испратат или ќе дозволат други да испратат „Леопарди” во Украина само доколку САД го испратат својот главен борбен тенк „М1 Абрамс”.

Берлин оттогаш го промени својот наратив и сега официјални лица изјавуваат дека нема врски меѓу испраќањето на тенковите „Леопард” и „М1 Абрамс”.

Весникот „Вол Стрит Џурнал” денеска објави дека САД би можеле нивните тенкови „М1 Абрамс” да ги испратат во Украина како дел од поширок меѓународен пакет што ќе ги вклучува и германските „Леопарди”.

Полска испрати барање до Германија за испорака на тенковите Леопард

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот