Блумберг: Русија подготвува нова офанзива додека Украина ги чека западните тенкови

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да подготви нова офанзива во Украина во февруари-март, и покрај претходните неуспеси на фронтот, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.  Магазинот наведува дека Москва сака да покаже дека нејзините сили можат да ја вратат иницијативата по неколкумесечни неуспеси, вршејќи притисок врз Киев и неговите сојузници да се согласат на некаков вид примирје што ќе ја остави Русија да ја контролира окупираната територија.

Путин останува уверен дека силата и подготвеноста на Русија да прифати жртви – веќе десетици илјади, повеќе отколку во кој било конфликт од Втората светска војна – ќе овозможат победа и покрај минатите неуспеси. Обновената офанзива би можела да започне веќе во февруари или март, велат луѓе блиски до Кремљ.

Нивните коментари ги потврдуваат предупредувањата од Украина и нејзините сојузници дека доаѓа нова руска офанзива и сугерираат дека може да започне пред Киев да ги добие ветените испораки на американски и европски тенкови. Одлучноста на Путин навестува уште една смртоносна ескалација на војната, бидејќи и Киев подготвува офанзива, отфрлајќи го секој прекин на огнот што ќе и овозможи на Русија да заземе територија.

„Значи, руската армија претрпе неподносливи порази и е на работ на колапс, но Путин не го интересира тоа. Тој сака да продолжи и неговиот следен чекор може да биде фатален“, се наведува во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот