„Блумберг њуз“ остана без акредитации за кампањата на Трамп

Фото: Профимедиа

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека за престојните избори во САД нема да дава акредитации за новинарите на агенцијата „Блумберг њуз“, која е во сопственост на потенцијалниот претседателски кандидат на демократите Мајкл Блумберг.

По формалното објавување на кандидатурата на Блумберг, оваа агенција наведе дека нема да известува за демократските претседателски кандидати, вклучувајќи го Блумберг и неговите ривали, но најави дека ќе ги следи активностите на Трамп за време на кампањата, пренесува „Ројтерс“.

– Бидејќи отворено покажаа пристрастност, кампањата на Трамп нема да дава акредитации за претставниците на „Блумберг њуз“ за митинзите и другите настани. Ќе одлучуваме дали ќе контактираме со известувачите поединечно или на барање на „Блумберг њуз“ ќе одговараме од настан до настан – наведе Бред Парскејл, менаџерот на кампањата на Трамп.

Акредитациите на известувачите им овозможуваат полесен пристап до настаните и другите манифестации за време на претседателските кампањи на кандидатите за изборите во 2020 година во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот