Блумберг даде 100 милиони долари во онлајн реклами против Трамп - Слободен печат

Блумберг даде 100 милиони долари во онлајн реклами против Трамп

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг, кој најави можност да се кандидира на американските претседателски избори 2020 година, даде 100 милиони долари во кампања со онлајн реклами против претседателот Доналд Трамп.

Тој денеска на Твитер го потврди почетокот на кампањата, која во Њујорк ја најави неговиот советник Хауард Волфсон. „Ова е моментот кога сите треба да се вклучат. Директно ќе се бориме против Трамп”, напиша Волфсон.

Рекламите со кои се критизира Трамп се насочени на Аризона, Мичиген, Пенсилванија и Висконсон – четирите држави кои би можеле да бидат неодлучни во изборот меѓу демократ и републиканец во 2020 и поради тоа клучни за претседателските избори.

Поранешниот градоначалник (77) презеде неколку чекори во последните денови кон кандидатура за номинација од Демократската партија и се регистрираше како кандидат во Алабама и Арканзас.

Во вторникот тој рече дека е близу до донесување конечна одлука, а неговата евентуална кандидатура предизвика различни реакции. Според едни, осмиот човек на листата на најбогати според Форбс е одличен избор поради неговото богатство, карактеристики на деловен човек и активностите насочени кон борбата против климатските промени. За други, пак, тој е мотивиран од стравот дека одредени демократи би можеле да ги исполнат ветувањата и да воведат големи даноци за екстремно богатите заради ублажување на нееднаквоста.

Прочитај повеќе

Бил Гејтс: Моите милијарди покажуваат дека економијата не е фер

Слободен Печат

Напад на Хутите во Јемен, 40 мртви

Слободен Печат

„Женскиот марш“ во Вашингтон со критики кон политиките на Трамп

Слободен Печат

Македонци носеле нерегулиран отпад во Бугарија – сопствениците на компанијатa негираат

Слободен Печат

Над 160 повредени во протестите во Бејрут (ВИДЕО)

Слободен Печат

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам 2020

Алек Стојковски

Остави Коментар

16 − 15 =

Прочитај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Слободен Печат

Приведен новинар кој ја откри локацијата на Макрон

Слободен Печат

Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

Слободен Печат

Голема снежна бура во Канада: Затворен аеродромот во Њуфаундленд, илјадници луѓе останаа без струја (ВИДЕО)

Слободен Печат

Солзавецот и водените топови се недоволни: Либанскиот претседател бара војската да ги растера демонстрантите (ВИДЕО)

Слободен Печат

Наезда на скакулци во Африка, најголема во последните 25 години

Слободен Печат