Блокотехна во полуфиналето со Работнички, МЗТ против Гостивар

фото: МКФ

Во првата четвртина воглавно Блокотехна и Куманово се менуваа во водство, најголемата позитива која ја стекнуваа беше плус три.

Куманово продолжи да дава отпор, повторно се одлепи овојпат на пет разлика во втората делница (24:29), но потоа до крајот на првото полувреме следуваше серија на домаќините од 16:3 кои заминаа на пауза со 40:32.

Третата четвртина се покажа и како клучна за конечниот епилог, Блокотехна ја доби со огромни 27:9, целосно падна играта на гостите кои влегоа во голема негатива и над „минус 20“.

Прв стрелец во победничките редови беше Фундербург со 23 поени, додаде по четири скокови и асистенции, а на спротивната страна најрасположен беше Ѓекиќ со 13 поени и осум скокови.

Претходно Гостивар славеше кај Кожув со 86:89, а вечерва се игра и скопското градско дерби меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје кое нема никакво резултатско значење.

Познати се сега и полуфиналните плеј оф двојки, Блокотехна ќе ги одмери силите против Работнички, а МЗТ Скопје ќе налета на Гостивар.

Прва македонска кошаркарска лига, 10. коло

Кожув-Гостивар 86:89
Блокотехна-Куманово 78:55
Работнички-МЗТ Скопје Аеродром (20:30 ч.)

Табела:

1.МЗТ Скопје 54 бодови
2.Работнички 52
3.Блокотехна 52
4.Гостивар 51

5.Кожув 43
6.Куманово 41

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот