Блокирана воена база во Вашингтон откако разбојник кој бегал од полицијата се сокрил во воениот комплкес

Вашингтон/ Фото: МИА

Воената база во американската престолнина Вашингтон денеска беше привремено блокирана, откако вооружено лице избегало во комплексот за време на полициската рација и истрага за пукањето на улиците околу базата.

Блокадата беше укината по час и половина, а лицето беше приведено објавија службениците на базата, а пренесе „Гласот на Америка“.

Преку пост на Фејсбук профилот на базата „Анакостија – Болинг“ беше алармирано дека дека лицето е забележано во јужниот дел на воениот комплекс.

“Ако го видите тој поединец трчајте. Ако не можете да избегате од безбедната рута, скријте се. Сокријте се , исклучете ги светлата, мобилниот телефон “, се вели. објавата не ФБ профилот на базата.

Официјалните претставници првично соопштија дека се во потрага по две лица, но во подоцнежниот извештај се откри дека само едно осомничено лице е во бегство.

Нема информации за жртви или повредени.

Во базата, која се протега на повеќе од 360 хектари во југоисточниот дел на Вашингтон, се сместени припадници на воздухопловните сили , крајбрежната стража и маринците , заедно со локалната канцеларија на Службата за поморска криминална истрага и седиштето на Агенцијата за одбрана.

Пред само една недела, еден припадник на безбедносните силиво Пентагон почина откако беше прободен со нож во блиската станица за јавен превоз.

Полицијата пукала во осомничениот, кој починал на лице место.

Поради овој инцидент Пентагон, седиштето на американската војска, беше под неколку часовна блокада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот