Блокирана улицата „Лука Геров“

Жителите на општина Ѓорче Петров денеска половина час ја блокираа улицата „ Лука Геров“, во знак на протест поради аерозагувањето од околните диви депонии. Граѓаните со овој протест, како што рекоа сакале да ја предупредат општината дека се сериозни во барањата да ја исчистат депонијата во Ново Село, за која претходно пишуваше и Слободен печат.

На овој втор протест на жителите од „ Ѓорче“, дојдоа и од населбата Хром и реагираа на загадениот воздух кој според нив доаѓа од депонијата кај селото Крушопек.

– Освен депонијата во Ново Село, жариште на овој проблем е и она што се случува во Општина Сарај, односно во Крушопек, преку Вардар. Знаеме дека и таму се пали некој отпад. Тој е најблиску до населбата Хром и сакаме да знаеме зошто до сега не се превземени мерки, дали некој ја опструира таа реакција од страна на нашата општина и до кога ќе се давиме сите, реагираат граѓаните.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека кога дошла, актуелната власт, затекнала депонија која била хаотично регулирана. Дека е затекнат договор за вршење концесија за собирање и транспорт на комунален отпад со приватник, кој го склучил со претходната локална власт и кој важи уште 6 години. Но, уште 5000 домакинства немаат договори за одлагање на сметот и треба да го сторат тоа за да нема санкции, а од Ново Село до Никиштани , надлежноста за одржување на хигиената не е на ЈП„ Коминална хигиена“, додаваат од таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот