Блокиран транспортниот сообраќај на ГП Богородица до 19 часот

Асоцијацијата на македонските транспортери „АМЕРИТ” во соработка со колегите од грчка страна, попладнево во 15 часот го блокираа транспортниот сообраќај на ГП Богородица поради рестрективните мерки на грчките власти за заштита од Ковид-19 кои сеуште се применуваат на ГП Евзони и покрај ветувањето дека ќе бидат повлечени.

Организаторите на четиричасовниот предупредувачки штрајк, кој ќе трае до 19 часот, велат дека под притисок на камионџиите, кои биле изложени на секојдневни тортури, биле принудени да се организираат и да го кренат гласот за полесен проток на транспортниот сообраќај и пократко задржување на возачите на граничниот премин Евзони за влез во Грција.

Доставија барања до грчките власти кои доколку не бидат прифатени во рок од 48 часа ќе предизвикаат разгледување и преземање на порадикални мерки од страна на асоцијациите на камионџии од двете земји.

– Нашите три приоритетни барања се враќање на нон стоп работното време на ГП Евзони,да се отворат со целосно или делумно работно време граничните премини Дојрани и Меџитлија и на возачите да им се мери температура на влез во Грција,а тест да се прави само доколку има симптоми за тоа,рече управителот на АМЕРИТ,Љефтер Андонов.

Ако не бидат прифатени нашите барања за слободен проток на стоки и хуман третман на возачите,следниот штрајк ќе биде со целосно блокирање на ГП Богородица, а се разгледува и можноста со грчките колеги да се блокира и ГП Промахонас, посочија од АМЕРИТ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот