Блокиран пристапот до Националната опера и балет, имало дојава за поставена бомба

Национална опера и балет / фото: Википедија

Вечерва полицијата ги блокира сите приоди кон зградата на Национална опера и балет поради пријава за поставен експлозив , објави телевизија 21.

Според досега достапните информации, евакуирани се повеќе објекти, меѓу кои и зградите на НОБ, Филхармонијата и средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“, како и зградата во која се сместени новинската агенција МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници.

Полицијаци се распоредени околу овие објекти, а засега нема потврда дека се работи за лажна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот