„Блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се резиденти на секторот

Фото: Архива на СП

ЈП Паркинзи на Општина Центар, од 10-ти април (среда), започнува со воведување ред на резидентните паркиралишта. Ќе се поставуваат „блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коj се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

Поставувањето на механичко средство „блокатор“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак“. Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието. Оваа промена се воведува заради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот