Блокади на патиштата и конфликти во Црна Гора, повредени четворица полицајци

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во соопштението се прецизира дека припадник на Центарот за безбедност на Подгорица, Далибор Живковиќ, се здобил со повреда на главата и бил префлен во Ургентен центар.

Група на граѓани вечерва го блокирале кружниот тек во Зета, Црна Гора во близина на аеродромот, а при интервенција на полицијата, биле повредени четворица полицајци, пренесува Данас.рс.

Во соопштението се прецизира дека припадник на Центарот за безбедност на Подгорица, Далибор Живковиќ, се здобил со повреда на главата и бил префлен во Ургентен центар.

Поради блокада на патиштата, Итната помош не можела да дојде до повредениот полицаец, па до болницата го префрлил еден граѓанин, пренесува споменатиот медиум.

Група на граѓани од Беране ја окупирале зградата во општината, а тој протест поминал мирно.

Протести имало уште во неколку општини во Црна Гора, како во Бело Поле и на уште неколку места каде граѓаните го изразиле револтот поради контроверзниот закон за вероисповед кој го потпиша претседателот Ѓукановиќ.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, споменатите протести поминале мирно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот