Блокадата на Кашмир ќе биде продолжена

Фото: Твитер

Индискиот Врховен суд, кој ја разгледуваше петицијата за итно повлекување на големите рестрикции што Владата во Њу Делхи му ги наметна на Кашмир, соопшти дека безбедносната блокада врз овој регион со специјален статус треба да биде продолжена, јави ДПА.

Судот наведува дека ситуацијата во Кашмир е „чуствителна” и дека на владата и треба време да се избори со неа.

– Ситуацијата е динамична и се менува секој ден. Ја разгледуваме ситуацијата и чекор по чекор ги укинуваме рестрикциите – изјави државниот обвинител КК Венугопал пред Врховниот суд.

Главниот град на овој регион, Шрингар, е претворен во огромен лавиринт од бодликава тел и челични барикади, додека улиците се надлетувани од беспилотни летала и хеликоптери.

Иако четирите милиони жители на долината Кашмир се навикнати на блокади, пред се, поради деценискиот вооружен судир, оваа актуелна блокада е нешто што, самите жители велат, никогаш не ја виделе и почуствувале.

Заради лавиринтите, чии влезови и излези често пати се менуваат, луѓето се дезиорентирани и имаат проблеми да ги запомнат измените.

– Целиот град е проткаен со бодликава тел за да се обезбеди нашето молчење и послушност – за американските медиуми изјави Замер Ахмет, жител на Кашмир.

Засега не е познато колку овие рестрикции ќе траат, а Венугопал наведува дека станува збор за денови и месеци.

Денеска изминува деветиот ден од блоката на Кашмир, откако луѓето мораа да останат во своите домови. На жителите полека почнува да им фалат основни намирници, пред се, заради континуираниот полициски час и блокадата на комуникациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот