Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција

Фото ЕСМ

Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне е повторно ставен во функција, соопшти ЕСМ.

Постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија.

Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките, велат од ЕСМ.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот