Близу Хонг Конг се собрани кинески сили

Кинески сили најверојатно воена полиција регистрирани се денеска на стадион во град во близина на Хонг Конг.

Според западни медиуми се работи за „неколку илјади лица во униформи опкружени со воени возила”.

Во близина на стадионот во градот Шенжен регистрирано е присуство и на воени камиони и борбени транспортери.

Градот се Шенжен се наоѓа на помалку од седум километри од границата со Хонг Конг.

По две месеца продемократски протести во Хонг Конг, Пекинг испрати во изминатите денови сигнали дека може да се вмеша за да се врати редот во поранешната британска колонија.

Кинеската армија има неколку илјади војници во Хонг Конг, но не е предвидено да се вмеша во внатрешните работи на автономниот регион. Тоа може да се случи по барање на локалните власти.

Главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Сиџин изјави дека военото присуство во Шенжен е знак дека Кина се подготвува да интервенира во Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот