Близу Цирих упасени две млади момчиња поврзани со нападот во Виена

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Двајца млади момчиња од Швајцарија, на возраст од 18 и 24 години се уапсени во Винтертур, близу Цирих, во северна Швајцарија, во врска со џихадистичкиот напад во Виена еден ден претходно, соопшти полицијата.

-Полициската истрага идентификуваше швајцарски државјани, 18-годишник и 24-годишник. Двајцата беа уапсени во Винтертур во вторникот попладне од единица за специјални намени во соработка со австриските власти-соопшти полицијата на кантонот Цирих.

„Евентуалната врска меѓу двајцата приведени и главниот осомничен за нападите во моментов ја испитуваат надлежните органи“, додава полицијата.

Швајцарските власти не наведоа која е причината за апсењето на двете млади момчиња.

Кујтим Фејзулаи се подготвувал за нападот во Виена уште од јули, калашниковот го купил од земја од ЕУ

„Главната задача е да се утврди дали тие биле вклучени во нападот“, соопшти полицијата во Цирих, која тесно соработува со швајцарската федерална и австриската полиција.

Полицијата во Цирих исто така извести дека формирала работна група со задача да истражи дали злосторствата извршени во Виена биле поврзани со кантонот Цирих.

Дедото на Куjтим со неверување праша: Дали е убиен, сам си направи беља

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот