Близу 500 борбени единици на САД ќе ги чуваат нафтените полиња од Исламска држава

Стотици борбени единици на САД ќе ги чуваат нафтените полиња во Сирија, велат официјалните лица на Пентагон.

Секретарот за одбрана Марк Т. Еспер изјави дека американската стратегија останува непроменета, иако претседателот Трамп најави дека американските сили се повлекуваат.

САД ќе распоредат неколку стотици војници за да ги заштитат источните нафтени полиња во Сирија од Исламската држава, соопштија официјалните претставници на Министерството за одбрана во петокот.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, американскиот министер за одбрана Марк Т. Еспер рече дека Соединетите држави „ќе го редуцираат (намалат) присуство во Сирија, со цел да го оневозможат пристапот на ИСИС до нафтените полиња.

Исто така, Еспер рече дека дополнителните чекори кои ќе ги преземат може да вклучат некои „механизирани сили“, за кои другите официјални претставници на одбраната рекоа дека ќе вклучат и тенкови, кои сè уште не се таму.

Властите соопштија дека вкупниот број американски безбедносни сили ќе биде околу 500.

Еспер: САД испраќа оклопни возила во Сирија за да ги штитат нафтените полиња од ИД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот