Близу 300 демонстранти приведени во Хонг Конг (ФОТО+ВИДЕО)

Меѓу уапсените има најмалку двајца истакнати активисти од Хонг Конг, Фиго Чан од Цивилниот фронт за човекови права и долгогодишниот пратеник и активист Леунг Квок-хунг.

Полициските сили приведоа речиси 300 луѓе од протест во Хонг Конг кои денеска протестираа против одложувањето на избор за законодавниот совет на градот и новиот закон за национална безбедност воведен од Кина. Полицијата уапси 289 демонстранти до 21 часот по локално време, од нив 270 за нелегално собирање.

Меѓу уапсените има најмалку двајца истакнати активисти од Хонг Конг, Фиго Чан од Цивилниот фронт за човекови права и долгогодишниот пратеник и активист Леунг Квок-хунг. Снимките објавени на Твитер покажуваат како полицијата приведува групи демонстранти, од кои една група ги прскаат со солзавец.

Прочитајте и...  СЗО: Пандемијата на коронавирусот може да предизвика дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија
Полицијата апси младо момче кое протестира во Хонг Конг, 06 септември/ Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Демонстрантите извикуваа „Пет барања, ништо помалку!” и побара од Пекинг да ги ослободи неодамна уапсените 12 активисти кои се обидоа да побегнат со брод во Тајван.

Полицијата нагласи дека извикувањето протестни пароли е кршење на јавниот ред и епидемиолошките мерки.

Во текот на денот, властите ги предупредуваа демонстрантите кои извикуваа забранети пароли и одбиваат да се повлечат, дека ги кршат законите за национална безбедност, а полицијата кон нив употреби солзавец.

Демонстрант лежи на улица додека го апсат на протестот во Хонг Конг 06 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Лидерот на Хонг Конг, Кери Лам ги одложи за една година изборите закажани за законодавниот дом во азискиот финансиски центар што требаше да се одржат на 6 септември, наведувајќи го зголемувањето на случаите на коронавирус како причина за одложувањето.

Тој потег беше удар за продемократската опозиција, која се надеваше дека ќе освои историско мнозинство во советот, со само половина од местата избрани директно, а половина составени од веќе избрани членови кои во голема мерка го поддржуваат Пекинг.

Прочитајте и...  Во Јапонија во октомври имало поголем број на самоубиства од починати од последици од ковид-19

Поврзани вести

480 лицазаболени од Ковид-19 се лекуваат во Скопје, 816 во болниците низ Македонија

„Епл“ во Италија е казнет со 10 милиони евра

Слободен печат

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика останува релаксирана за поддршка на економското закрепнување

Слободен печат

Состојба со ковид капацитетите во главниот град: За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 38 пациенти

Слободен печат

ВИДЕО | Земјата каква што не сме ја виделе: НАСА објави забрзана снимка од создавање на тајфун

Слободен печат

СЗО: Пандемијата на коронавирусот може да предизвика дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian