Близнаци родени во екот на пандемијата ги добија имињата Корона и Ковид

Фото: Инстаграм

Иако пандемијата од коронавирусот на многумина не им донесе ништо убаво, млади луѓе од централна Индија одлучија своите близнаци родени во екот на пандемијата да ги наречат Корона и Ковид.

Мајката Прети Верма (27) за „Хиндустан Тајмс“ откри дека тие имиња се одбрани за да се сеќаваат на тешките околности во кои добиле две здрави деца.

Сепак, таа додава дека можеби и ќе ја променат одлуката.

– Благословена сум со близначиња, момче и девојче, кои ги добив на 27 март. Засега ги нарековме Ковид и Корона. Ги родив во тешки околности, па јас и сопругот сакавме тој ден да остане запаметен. Кога и медицинскиот персонал почна да ги вика така, одлучивме да ги крстиме по пандемијата – порача Прети.

Прети за медиумите опиша и дека имала доста болки во моментот кога почнало породувањето, меѓутоа, за среќа, се поминало во ред, па бебињата се наоѓаат во одлична здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот