Блиску до рекордниот праг: Биткоинот отиде до, речиси, 60.000 долари

Биткоин/ Фото: Архива на Слободен печат

Цената на биткоинот повторно е во плус и денеска околу пладне, со најпопуларната криптовалута се тргуваше по цена од 59.000 долари. Моментната вредност на биткоинот е 59.100 долари, што е скок за еден процент на дигиталната валута.

Биткоинот вчера се движеше меѓу 56.000 и речиси 60.000 долари и бешпе блиску до рекордниот праг од 61.500 долари.

Пазарната капитализација на најстарата криптовалута и натаму е над билион долари, а вредноста на биткоинот моментно е поголема од две светски мрежи со платежни картички, чија заедничка пазарна капитализација изнесува 871 милиони долари, како и од три најголеми светски банки.

Новиот скок на биткоинот најверојатно се должи на обновениот интерес на големите инвеститори за вложување во криптовалута.

Имено, „Морган Стенли“ стана прва голема банка во САД која на своите богати клиенти им нуди пристап до биткоин фонодите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот