Блиска средба на два руски нуклеарни мразокршачи (ВИДЕО)

На снимката, објавена од руската нуклеарна агенција Росатом, се гледаат бродовите Тајмир и Вајгач како речиси ги допираат крмите, за потоа да се постават еден покрај друг.

Два руски нуклеарни мразокршачи се пресретнаа ва Арктичкиот Океан, овозможувајќи невообичаена глетка.
На снимката, објавена од руската нуклеарна агенција Росатом, се гледаат бродовите Тајмјир и Вајгач како речиси ги допираат крмите, за потоа да се постават еден покрај друг.

 

Сретнувањето на мразокршачите е рутинска процедура, со цел размена на резерви, товар или екипаж меѓу бродовите кои осамени поминуваат големи далечини. Сепак, ретко се случува пред камерите.

Тајмјир и Вајгач се два брода од истата, 152-метри долга класа на нуклеарни мразокршачи, кои можат да пробијат мраз дебел до два метри и да работат во екстремни временски температури до -50 Целзиусови степени.

Тие имаат и плитко дно, што им овозможува да влезат во устијата на сибирските реки кои излегуваат на Северната поморска рута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот