Блинкен врши притисок врз Турција поради рускиот ракетен систем

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изврши притисок врз турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу поради рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 и одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција.

– Државниот секретар Блинкен ја повика Турција да не го задржи рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, наведе Стејт департментот во соопштение по разговорите на маргините на самитот на НАТО во Брисел.

Блинкен, исто така, изрази загриженост на САД за одлуката на Турција да ја напушти Истанбулската конвенција, притоа истакнувајќи ја важноста на демократските институции и почитувањето на човековите права.

На дводневниот состанок на НАТО, Блинкен коментираше дека не е тајна оти тие имаат разлики со Турција, но исто така и дека оваа земја е долгогодишен и почитуван сојузник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот