Блинкен: САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на Западен Балкан

 Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по повод указот на американскиот претседател Џо Бајден за проширување на санкциите за лица и организации од Западен Балкан, рече дека САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на регионот, што ќе им овозможи на земјите од регионот да го „исполнат својот потенцијал како слободни и просперитетни демократии”.

„Корупцијата предизвикува директна штета на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и нашите сојузници и партнери. Затоа сме решени да промовираме одговорност и да се бориме против неказнивоста на оние кои се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и светот”, нагласи Блинкен.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека посветеноста на САД за унапредување на демократијата, транспарентноста и отчетноста низ целиот Западен Балкан е силна и „во согласност со стандардите што земјите во регионот мора да ги исполнат за да ја постигнат својата цел да напредуваат на европскиот пат”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот