Блинкен: САД сакаат „праведен и траен“ мир во Украина

 Американскиот државен секретар Антони Блинкен денесака нагласи дека САД соработуваат со Украина и другите сојузници за да изградат консензус за клучните елементи на „праведен и траен мир“ по војната со Русија.

Вашингтон ги поддржува иницијативите на другите земји за ставање крај на конфликтот во Украина доколку се во согласност со Повелбата на Обединетите нации и суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина.

„Ќе ги поддржиме напорите, без разлика дали се од Бразил, Кина или која било друга нација – ако помогнат на патот кон праведен и траен мир“, рече американскиот висок дипломат.

Вашингтон ќе продолжи воено да ја поддржува Украина бидејќи предуслов за дипломатија е Киев да успее да се одбрани и да ги одврати идните агресии.

„Агресивната војна на Путин против Украина беше стратешки неуспех“, рече Блинкен.

Говорејќи во Финска, најновата членка на НАТО алијансата, државниот секретар рече дека САД ќе помогнат во изградбата на „украинската армија на иднината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот