Блинкен: САД сакаат да работат на стабилизација на Западен Балкан

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој учествуваше на сотанокот на министри на надворешни работи на ЕУ покажа интересирање за европското судство, и рече дека САД се спремни да работат на стабилизација на Западен Балкан, пишува бриселски Политико, пренесе агенцијата Бета. 

„Самиот факт дека Блинкен толку брзо се согласи да учествува на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи претставува добар знак. Тоа што остана и ги одушеви сите 27 министри е уште еден знак, барем неговото трпение“, пишува Политико повикувајќи се на дипломатски извор.

Според соопштението на американскиот Стејт департмент на состанокот се зборувало за заеднички договор на горливите глобални прашања, вклучувајќи го ковид-19, Кина, климатските промени.

„Блинкен ја поздрави одлуката ЕУ да стави санкции на Русија поради кршење на човековите права, како одговор на случајот со  рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неговите подржувачи.
САД подготвуваат сопствен одговор за затворањето и труењето на рускиот опозиционер, а се очекува следните недели ќе соработуваат со ЕУ“, пишува Политико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот