Блинкен: САД интензивно работат на ставање крај на израелско-палестинското насилство

Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика страните во израелско-палестинскиот судир да ги заштитат цивилите и истакна дека САД интензивно работат на завршување на конфликтот.

– Работиме дење и ноќе преку дипломатски канали за да ставиме крај на конфликтот, истакна Блинкен на заедничката прес-конференција со данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод во Копенхаген.

Веќе втора седмица Израел бомбардира цели во Појасот Газа, а палестинските милитанти истрелуваат ракети врз израелските градови. Според палестински болнички извори во израелските напади загинале 198 луѓе од кои 58 деца и 34 жени, а во нападите од Хамас загинале десетина луѓе, од кои две деца.

Блинкен истакна дека Израел има право на самоодбрана, но оти е вознемирен од вестите дека новинари и медицински персонал се изложени на ризик, посебно откако Израел во саботата ја уништи зградата на американската новинска агенција Асошиејтед прес и други медиуми.

– САД побара од Израел појаснување за нападот, истакна Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот